Карамел-пуканки

Колку е убаво кога нешто толку едноставно ќе го направите модерно и вкусно. За почеток, направете го тоа со пуканките. Обвиткани со карамел и неверојатна златеста боја, овие карамел-пуканки сигурно ќе ви бидат одлични придружнички на следниот филм или ТВ серија која ќе ја гледате.

Потребно:

90 г путер
180 г кафеав шеќер
50 мл сируп од пченка
сол на врв на лажиче
сода бикарбона на врв на лажиче
90 г испукани пуканки

Подготовка: Рерната загрејте ја на 100 Целзиусови степени. Во мало тенџерче ставете го путерот да омекне на најниска температура. Внимавајте да не почне да врие затоа што тогаш ќе загори и поцрни. Во тенџерчето додајте ги сирупот од пченка, шеќерот и солта. Мешајте со дрвена лажица за да зоврие смесата. Кога ќе почне да врие, оставете да проврие уште 4 минути немешајќи. После 4 минути, тргнете го тенџерчето од оган и ставете ја содата. Промешајте. Испуканите пуканки ставете ги во плитко тавче за печење, претурете ја смесата врз нив, промешајте ги и ставете ги да се печат во загреаната рерна еден час со мешање на секои 15 минути. По еден час, извадете ги од тавчето и оставете целосно да се оладат. Потоа, кршете ги на мали парчиња.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното