„Денеска сме во Битола со лабиринтот наречен лабиринт на животот стапица или надеж.
После сите средби на движењето со пратеници,лидери на политички субјекти,министри,премиер,претседател на државата и поред многу ветувања ситуацијата на терен е влошена,се даваат дозволи на ланец на обложувалници под мотото ” животот е игра” за нас животот не е игра бидејќи за некои семејства стана пекол.
Лабиринтот е симулација на казино,како темно место,со многу мистерии,тоа е стапица каде што паднале многумина од нас и за жал завршиле со трагични последици.
Оваа е еден начин на протестирање да се почитува сегашниот закон и да се донесе новиот закон за игри на среќа.
Да потсетиме дека барањата на Движењето Анти Коцкање се:
1)Сите објекти на игри на среќа да се ореместуваат 3 км.од сите населени места.
2)Доделување 5% од добивката од коцкање за поправка на јавни објекти и финансирање на здруженија и центри кои организираат активностиза рехабилитација на зависниците од коцкање.
3)Развивање на стратегија во образование за социјалната штета која се предизвикува од коцкање“, се вели во соопштението на Движењето „Анти Коцкање“.