Поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски на својот Фејсбук профил во нов пост се осврна на авиопревозот во земјава кои деновиве е блокиран поради густата магла.
Груевски вели дека не се одложуваат авионските летови заради маглата, туку заради криминалците во власта.
Во долг пост, Груевски објаснува зошто при давањето на концесиите за аеродромите во Скопје и Охрид услов била и изградбата на карго аеродром во Штип, истакнувајќи дека една од идеите била во иднина тој да прерасне во патнички аеродром, за што веќе се изгради и автопатот кон Штип, а се осврна и на планот за развој на патиштата кон Штип од другите делови на земјата.
„Во 2009 година Владата ангажираше меѓународна искусна компанија за консултант кој ќе не води низ постапката за изнаоѓање концесионер на македонските аеродроми, Александар Македонски во Скопје и Св.Апостол Павле во Охрид. Аеродромот беше многу мал, несреден и прилично лоша прва слика за земјата а бројот на летови неспоредливо помал од денешните. Владата заедно со консултантот работеше на изработка на условите. Баравме нов терминал со шест излези на скопскиот аеродром, два повеќе одколку што ценеше консултантот по сондирањето на мислењето на потенцијалните концесионери кои ги контактирале за да слушнат мислења и реакции, како што што е редот во таа работа. Во тој момент немаше доволно сообраќај ни за едне излез од зградата каде се патниците директно во авионот. Се бараше и проширување на пистата за да можат да слетуваат многу големи авиони, но и градба на некои хангари, набавка на повеќе против пожарни возила и повеќе други инвестиции. Исто така се одредија и инвестиции кои треба да се направат на охридскиот аеродром. Но, владата постави уште едно барање кое предизвика големи реакции кај консултантот и пред се кај потрнцијалните концесионери кои тој се обидуваше да ги анимира во фазата уште пред објавување на меѓународниот повик, како и ризик да пропадне тендерот и никој да не се јави. Тоа беше барањето за изградба на карго аеродром на локација меѓу Штип и Св. Николе, административно на територија на општина Св.Николе, но мошне блиску до Штип, со големина на пистата и на терминалната зграда како што во тој момент беше на скопксиот аеродром, пред да биде даден на концесија. Искусниот консултант бараше итен состанок во владата на неколку потенцијални и заинтересирани концесионери кои тој се обидел да ги анимира и кои беа транспаренто примени. Клучното прашање кај сите и поентата на состанокот беше зошто нов аеродром и од сите ни беше кажано дека тоа е голема инвестиција која го прави проектот неисплатлив и плус тоа ќе биде потенцијален загубар за нив, па ако тоа остане тие ќе се повлечат. Тоа беше голема игра на нерви. Тие сакаа да успеат да не натераат да ја повлечеме идејата за нов карго аеродром кај Штип, ние сакавме таа идеја да помине и да го изградат“, пишува Груевски.
Тој во детали објаснува како се одвивале преговорите со заинтересирани концесионери, но и од каде потекнува идејата за карго аеродромот.
„Објаснивме дека оваа концесија се дава на 20 години но дека на долг рок ние би сакале преместување на аеродромот од општината Петровец каде е сега, во овчеполието, затоа што оваа локација за овој аеродром во Петровец е одбрана во време кога ЈНА сакала да изгради воен аеродром и барала терен меѓу планини, затоа што целта била друга. Денес тоа е главниот цивилен аеродром на една независна држава, и не е добар избор за цивилен аеродром особено затоа што секоја зима има многу магла и масовно откажување на летовите што влијае на бизнисот, на инвеститорите, на плановите и времето на граѓаните и туристите, а и слетувањата не се толку едноставни на ваков терен. Објаснив дека сакаме околу пола од новата инвестиција да се направи сега со овој договор за концесија и да тоа привремено биде карго но и алтернативен аеродром за слетување и полетување во лоши временски услови, а втората половина по истекот на концесијата во 2030 година, кога ќе се објави јавен повик за нова концесија и тогаш само пистата и терминалите на карго аеродромот изграден меѓу Св. Николе и Штип ќе се прошират и тоа ќе стане главниот аеродром во државата, а овој во Петровец втор, помошен и/или карго аеродром или некоја друга намена. Објаснив и дека во меѓувреме планираме изградба на автопат од главниот град кон Штип со што патот од Скопје до новиот аеродром би бил за околу 25 мин возење што не е многу повеќе од сега до аеродромот до Петровец. Објаснив и дека во меѓувреме ќе изградиме и регионални патишта со четири ленти од Штип кон Кочани, што го започнавме и уште се гради, од Штип кон Радовиш кој исто така го почнавме и објавивме тендер за градба, и кој е веќе завршен и дека патот од Штип до Велес ќе прерасне во регионален со четири ленти што одамна го завршивме. Со тоа, новиот централен аеродром би бил со одлична модерна и безбедна инфраструктура речиси во сите правци. Објаснивме дека таму теренот е рамен, скоро секогаш има доволно ветар што не дозволува собирање на магла, што и самите ние го гледавме со години при секое од многуте наши полетувања и слетувања во авион, а верувам тоа го забележал и секој друг кој почесто користи авионски транспорт. Секогаш кога Скопје и Петровец беа завиени во магла и спуштени облаци во котлината, таму беше сончево и максимално видливо. Кажавме и дека јасно ни е дека ако оддеднаш побараме комплетно нов аеродром меѓу Св. Николе и Штип дека тоа нема да е исплатливо на ниту еден инвеститор-концесионер и затоа предлагаме ваков модел во кој во две фази, делумно сега до ниво на карго и алтернативен аеродром, а делумно подоцна до ниво на најголем и централен аеродром ќе се изгради новиот аеродром“, додава Груевски.
Во продолжение прочитајте повеќе детали: