Еуфоријата поради успехот на српската фудбалска репрезентација не стивнува. Општо познато е дека „орлите“ се пласираа на Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година, а во оваа прилика се огласи и пејачката Јелена Карлеуша.
Иако нејзиниот сопруг не е дел од репрезентацијата, Карлеуша не го криеше ентузијазмот за победата на Србија во натпреварот против Португалија, па се огласи на својот Инстаграм профил.
Таа објави фотографија од селекторот Драган Стојковиќ Пикси и упати честитка до него и до Фудбалскиот сојуз на Србија.

