Македонија

Касами: Ако за власта приоритет е промената на Уставот, тогаш мора да направи компромис за предвремени избори

Касами: Ако за власта приоритет е промената на Уставот, тогаш мора да направи компромис за предвремени избори

Градоначалникот на општина Тетово и лидер на Беса, Биљал Касами денеска на прес конференција посочи дека доколку до пролет не се одржат предвремени парламентарни избори, Беса ќе ги радикализира чекорите за притисок врз власта преку протести.

Според него, за да се постигне оваа цел, тие се подготвени за соработка со сите партии од албанскиот опозициски блок, а не ја исклучуваат ни можноста за соработка со Алијанса за Албанците, а ниту со ВМРО-ДПМНЕ.

„Ќе се разгледа можноста од пролет ако власта нема слух за проблемите и да излезе да се соочи со граѓаните на предвремени избори ќе се разгледаат заедно со другиот дел од опозицијата, албанска, во делот на ораганизирање на протести и секаков вид на притисок врз власта за да се слушне гласот на граѓаните и што побрзо да се оди на превремени избори, изјави Касами.

Тој вели дека уставните измени за внесување на Бугарите се во директна корелација со одржувањето на предвремените избори, односно за соработка за овие измени, Касами бара да седнат на заедничка маса и да договорат датум за избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни