Касами: Утре училиштата продолжуваат со образовниот процес
Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на прес-конференција рече дека мерните станици за квалитетот на воздухот не покажуваат дека постои опасност од излегување чад како последица на пожарот од фабриката во Тетово.
„Инструментите што мерат, или станицата за мерење на загадувањето е активна, по интервенциите што се направени. Според информациите, показателите што ги добивме од станицата за мерење на загаденоста, сите параметри се во рамките на дозволеното, нема ризик од загадување што може да претставува ризик по животот и здравјето на граѓаните“, рече Касами.
Тој ги повика учениците утре да се вратат во училиштата и да продолжат со наставата бидејќи нема опасност.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни