Катимерини : И покрај тоа што стигнаа до чешмата, соседите нема да се напијат од водата

Официјално Скопје не делува загрижено што Киријакос Мицотакис од Нова Демократија наскоро доаѓа на власт во Грција и дека со тоа го губи „пријателот Алексис Ципрас“, пишува „Катетимерини“.

Според весникот, македонските политичари биле уверени дека и покрај несогласувањата со Преспанскиот договор, Мицотакис ќе остане доследен на принципот на почитување на меѓународното право и меѓународните договори потпишани од земјата.

Но, Јоргос Кумуцакос од Нова демократија и најверојатно идниот министер за надворешни работи за „Катимерини“ вели дека „НД ќе стори сé што е можно да се ублажат негативните последици, како што е клучното прашање за името на македонските производи“.

Весникот потсетува дека Грција, како полноправна членка на ЕУ, не го губи правото да стави вето во фазите на отворањето на поглавјата дури и откако Македонија би добила датум за преговори летово или на есен.

Во Скопје не изгледа дека се загрижени поради фактот што тие, исто така, веруваат дека меѓународниот фактор, кој одигра одлучувачка улога во потпишувањето и ратификацијата на договорот, нема да дозволи какво било отстапување од Атина за негово спроведување.

Но, весникот песимистички гледа на тоа дека оваа година Македонија ќе добие датум.

Се чини дека оваа година соседите, и покрај тоа што стигнаа до чешмата, нема да се напијат од водата, но сепак за прв пат Грција нема да биде одговорна за тоа, се вели во коментарот.

The post Катимерини : И покрај тоа што стигнаа до чешмата, соседите нема да се напијат од водата appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното