Предлог-законот за СЈО стана причина за раздор меѓу премиерот Заев и лидерот на опозицијата, Мицкоски. Христијан Мицкоски изјави дека може да се разговара за интеграцијата на СЈО во ОЈО но Катица Јанева да не биде на чело на ова обвинителство и изборот на републичкиот јавен обвинител да биде на предлог на опозицијата.
Но, Заев вели дека во изминатиот период опозицијата покажала дека е несериозна и во овој момент неприфатливо е барањето на Мицкоски тие да го избираат јавниот обвинител. Што се однесува до Катица Јанева, премиерот изјави дека секој има право да конкурира за таа позиција.
Барање од опозицијата за предвремени избори немало. Но, за претседателските Мицкоски побарал гаранции дека ќе бидат фер, демократски и кристално чисти. Лидерот на ВМРО-ДПНЕ вели дека такви гаранции не добил, додека Заев вели дека поради ЕУ и НАТО демократски избори се неопходни.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ