На вечерашното гостување на 1ТВ, судијката Добрила Кацарска говореше за пресудите за 27-ми април, односно упадот во Собранието. Таа рече дека Абдуљфета Алими го бранел Зијадин Села, но на снимките се гледа дека исто така сторил и кривично дело.
– Неспорен факт е дека Алими го спасил Села, но исто така на снимките се гледа како тој ги дава клучевите од вратата. Со тоа прави кривично дело, а спасувањето на Села е после направеното кривично дело – изјави Кацарска.