Македонија

Кавги во Собранието за зголемувањето на минималната плата

Тензично со кавги и со неколку прекинувања течеше седницата на Комисијата за труд и социјална политика на која на дневен ред беше зголемувањето на минималната плата. Започна со расправија откако пратеникот Самка Ибраимовски побара на седницата да се расправа и за законот за материјално обезбедување на стечајните работници. Претседателот на Комисијата Влатко Ѓорчев предизвика револт откако почна да зборува надвор од точките на дневниот ред.

По еден час расправии беше дадена пауза од 30 минути, за да се договорат кога да се расправа за точката за стечајците. Но ниту тој половина час не ја смири состојбата. Ѓорчев инсистираше од заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар да одговори дали има финансиска одржливост за вакво зголемување на минималната плата. Но тој иако еднаш му одговори, Ѓорчев три пати му го поставуваше истото прашање. Бајрактар на ова реагираше дека не треба да се користат овие моменти за популизам.

Ѓорчев видно нервозен повторно ја прекина седницата и даде дополнителни 30 минути пауза со образложение дека бил прекинуван додека говори и не им дозволи на пратениците да говорат по што стана и замиина. На ова реагираа членовите на Комисијата дека тој на овој начин ги малтретира сите.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни