Поврзи се

Бизнис

Ќе има ли намалување на каматите на кредитите?

Published

on

Дополнително намалување на каматите не треба да се очекува. Експертите велат дека и покрај тоа што вчера НБРМ ја намали основната камата од 3%, на 2,75%, банките тешко се решаваат да го следат овој потег и да ги намалат нивните приходи. Доколку го следат примерот на централната банка и ги намалат каматите, тоа би придонело за поголема кредитна активност и заживување на економијата.

“Треба да забележиме дека трендот на намалување на каматите и на депозитите и на кредитите е надолен низ целиот овој период, така што трендот ќе очекувам да продолжи. Меѓутоа, ваквото намалување на основната каматна стапка не треба да се очекува да донесе некои спектакуларни дополнителни намалувања”, смета Марјан Петрески, универзитетски професор.

-Текстот продолжува по рекламата-

НБРМ објави извештај што покажува дека кредитната активност на банкарскиот сектор во вториот квартал бележи раст од 6,3% на годишна основа, за што поголем придонес има кредитирањето на домаќинствата. Но, потребна е поголема кредитна активност во бизнис секторот, сметаат експертите.

“Банките перцепираат доволно високи ризици кај фирмите што во услови кога имаат сигурна алтернатива дали тоа е во благајнички записи на Народната банка или во државни записи издадени од страна на државата, тие се одлучуваат за тоа, да кажеме, поконзервативна опција. Меѓутоа, факт е дека постојат и проблеми на страната на фирмите каде што нивните проекти често се перцепираат за повеќе ризични од она што се и не добиваат финансирање”, објаснува Петрески.

Додека НБРМ очекува заживување на кредитирањето, а со тоа и на економијата во целост, податоците за државните капитални инвестиции сè уште упатуваат на нивно намалување на годишна основа. Сепак, расположливите податоци за вториот квартал укажуваат на малку поповолната состојба во економијата споредено со првиот квартал.

Извор: Сител

Реклама
Македонија

Пендаровски: Нема компромис кога станува збор за правото на образование на мајчин јазик

4NEWS.mk

Пендаровски: Нема компромис кога станува збор за правото на образование на мајчин јазик

4NEWS.mk

Напаѓачот кој уби шест луѓе во болница во чешкиот град Острава, си го одзел животот во својот автомобил

4NEWS.mk

Приведени две лица по напад со боја и летоци врз канцелариите на грчки весник

4NEWS.mk

Поделени картички за зелена нафта во неколку каменички села

4NEWS.mk

Владата бара од институциите до петок информација за реализацијата на препораките од УНЕСКО

Македонија

СЦ „Борис Трајковски” со пристапни објекти за децата со аутистичен спектар на нарушување

4NEWS.mk

Полицајците од СВР Тетово годинава дарувале вкупно 180 единици крв

Македонија

Се отвораат уште 3 нови „Роса школи за родителство“ во Струмица, Охрид и Куманово

4NEWS.mk

Без струја утре дел од Скопје

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com