Македонија

Ќе има прогласување на персона нон грата?! – Османи пресече: Секое доаѓање на политичари со цел негирање на македонскиот народ ќе мораме сериозно да го адресираме

Ќе има прогласување на персона нон грата?! – Османи пресече: Секое доаѓање на политичари со цел негирање на македонскиот народ ќе мораме сериозно да го адресираме

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска е во Бугарија во посета на натепаниот секретар во бугарскиот клуб „Цар Борис“, Христијан Пандиков.

Од Софија, Османи порача дека бугарската заедница во Северна Македонија ќе ги има сите права, слободи и привилегии како и секоја друга заедница, нема да се дозволи негирање на бугарската заедница во Северна Македонија, но нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ, и заедно Македонците, Бугарите, Албанците, Турците и другите ќе живеат подеднакво слободни.

„Секое доаѓање на политичари во Република Северна Македонија со цел навреди кон македонскиот народ, негирање на македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме и тоа во иднина ќе биде последно доаѓање во Република Северна Македонија. Тој вициозен циклус во кој сме навлезени мора да престане“, додаде Османи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни