Македонија

„Ќе се елиминираат бариерите, пречките и предрасудите со изборот на премиер Албанец“, рече Адеми

Со изборот на премиер Албанец ќе се елиминираат одредени бариери, рече вечерва во изборната дебата на ТВ21, претставникот од ДУИ, Арбр Адеми.

„Направивме многу работи за Албанците и за другите заедници и за земјата воопшто. Затоа сметаме дека сега е шансата, сега е можноста да покажеме дека со еден премиер Албанец можат да се елиминираат сите бариери, пречки но и предрасудите ако сакате, дека некои позиции се достижни само за една заедница. Треба да истакнам дека ниту една државна позиција не е ексклузивна за една етничка заедница. До денес ДУИ докажa дека позициите се достижни за сите и со ова темпо ќе продолжиме и во наредниот период“, рече Арбер Адеми во изборната дебата на ТВ21.

Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни