Македонија

Ќе се разгледуваат вработувањата од 2015 па се до денес

Антикорупциска комисија чекор по чекор ги анализира сите вработувањата со непотизам. Освен имињата кои излегоа во јавност има и други случаи кои се во процедура, вели Шемси Салаи, член на Антикорупциска. Комисијата ќе ги разгледува случаите од 2015 кога беше сменет законот за вработувања во администрацијата.

„Ние нема да застанеме само кај тој период. Како основа ја земавме 2015 кога е донесен законот за вработување во јавна администрација и во јавниот сектор. Во 2015 година направена е измена на сите систематизации во државните институции и од тој момент ќе се гледа спроведувањето на сите процедури. Значи го опфаќа и сегашниот период и периодот од минатата власт“, изјави Шемси Салаи – член на антикорупциска комисија

Алберт Муслиу предлага поставување на камери и снимање на интервјуата, како справување со непотизмот кој во Македонија одамна постои.

„Моја препорака би била во текот на интервјуата да се постават камери. Не е тоа нешто што би ја чинело многу Македонија од буџетот. Има разни начини на кои граѓаните гледаат како на секојдневна форма. Некои вработени се заштитени не само затоа што работат во администрација туку и бидејќи нивни блиски се на високи позиции, лесно добиваат тендери, полесно вработуваат свои роднини“, изјави Алберт Муслиу – политички аналитичар.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски јавно ги повика сите кои се вработени со непотизам било од власта или опозицијата, веднаш да дадат отказ.

Во последните неколку денови во јавноста се појавија имиња на роднини на високи функционери кои се вработени во администрацијата или компаниите со државен капитал. Дел од нив се откажаа од работното место. Меѓутоа од Антикорупциска велат дека постапката ќе продолжи и за тие кои дадоа отказ.

РЕПОРТЕРKA: САЛИЈЕ САДИКУ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни