Кејт Брнз во работна посета на Алкалоид – ги посети и најновите проширени производствени капацитети

Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави предводена од, Амбасадорката Кејт Мери Брнз оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје.

За време на посетата, високите дипломатски претставници беа запознати со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производсвените операции. Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата.

Акцентот на посетата беше ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави каде ,,Алкалоид АД“ Скопје во 2005 година основаше своја подружница со седиште во Њу Олбани, Охајо.

Г-ѓа Брнз имаше чест да ги посети и најновите проширени производствени капацитети за чија изградба и опремување компанијата неодамна вложи над 11 милиони евра и чие комплетно пуштање во функција се очекува во претстојниов период.

.

Извор: ТВ21