Кејт Мидлтон на посебен начин ја изрази својата поддршка за народот на Украина за време на прославата на Денот на Комонвелтот во Вестминстерската палата.
За таа прилика Кејт облекла волнено палто-фустан со свилена кадифена јака, што го усогласила со капа и пар ракавици.
Сепак, она што најмногу привлече внимание е накитот што го носеше.
Според британските медиуми, таа го носела истиот накит во октомври 2020 година на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена во Бакингемската палата.
„Имавме привилегија да се сретнеме со претседателот Зеленски и со првата дама на Украина. Денеска стоиме покрај претседателот и целиот украински народ додека храбро се борат за иднината“, напишаа претходно на Твитер.
Минатата недела Кејт и принцот Вилијам го посетија Украинскиот културен центар во Лондон и им донесоа домашни чоколадни колачи на волонтери од палатата Кенсингтон.
Зеленски јавно се заблагодари на кралската двојка за поддршката.