Премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера ја предводеше владината делегација во Брисел на првата меѓувладина конференција со ЕУ, на враќање во неформален разговор со новинарите им соопштил интересна информација, јавува Фактор.
Според порталот, Ковачевски им раскажал дека неговата млада ќерка Тамата Ковачевска (која јавноста ја запозна при посетата на папата Франциск), првично била против прифаќањето на францускиот предлог.
Како што доликува за ваква посета: Ќерката на премиерот Ковачевски во прекрасен црн фустан
„Таа ми кажа дека е против договорот, а јас и реков дека нема да и се мешам во нејзините ставови и размислувања. А таа, меѓу другото беше против и бидејќи ги чита реакциите на социјалната мрежа фејсбук, каде околу 80 отсто од граѓаните се изјаснуваа дека не им се допаѓа предлогот. Јас оставив таа самата да си изгради став и не влијаев на нејзините расудувања“, им посочил Ковачевски.
Но, како што додал, во текот на вчерашниот ден, по позитивните коментари ќерка му го променила мислењето и му се јавила со извинување.
„Самата се јави да ми се извини и да ми каже дека претходно не била во право“, рече Ковачевски.