Македонија

Ќерката на Митко Чавков: „Лажат и во секој поглед го оцрнуваат татко ми“

Поранешниот директор на Управата за финансиско разузнавање, Ване Цветанов вели дека екс директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков за време на неговото работење монтирал 30 случаи, уништил стотици семејства, монтирал случаеви против 21 невладина организација.

-Има над триесет политички случаи, апсени се доктори, новинари, цареници, полицајци и луѓе од сите целни групи од општеството за да покаже секому ако не слуша и ако не молчи пред режимот може да биде уапсен и без да стори било какво кривично дело“ – изјави Ване Цветанов.

Од друга страна ќерката на Митко Чавков вели дека нејзиниот татко не монтирал никави слуачи. Таа додава дека во јавноста се пласираат лаги за оцрнување на нејзиниот татко.

„Ова е класична лага дека монтирал случаеви. Ова сега што се случува е одмазда. Ова е драконска казна. После оваа пресуда сега следува негово шиканирање, омаловажување и оцрнување. Сакаат да го направат криминалец во секој поглед“, вели Зорица Чавкова.

Реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека Македонија е единствената држава во Европа во која во 21 век, во затворите има политички затвореници, луѓе кои имаат различни политички ставови со Зоран Заев.

Митко Чавков на неговиот фб профил напиша дека „нарачката на мафијата која владее со Република Македонија е реализирана: Монструозно обвинение – неосновано и драконска казна. За вилата во Халкидики ќерката на Митко Чавков изјави дека ги обезбедува документите дека нејзинот татко не поседува никаква вила во Грција. Чавков, еден од 16-тмината осудени за настаните од 27 април, доби највисока затворска казна во траење од 18 години. Неговиот адвокат најави жалба до Апелацискиот суд.

РЕПОРТЕР: АРБАНА Ќ. КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни