На денешното рочиште во Кривичниот суд за двојното убиство на Вања и Панче, обвинетиот Влатко Кешишев одговара на прашања на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо.
Палчо на почетокот на судењето рече дека има 97 прашања кои сака да му ги постави на обвинетиот Кешишев.
Кешишев во претходниот исказ кажа дека не видел кој и како бил убиен Панче Жежовски, но кажа дека при убиството на Вања, го видел Палчо како држи пиштол.
Палевски: Кој од сообвинетите беше организатор и инсистираше да се оди во Демир Капија?
Кешишев: Датуми не паметам. Најголем иницијатор беше Вељо. Цело време притискаше, навалуваше да се оди во Демир Капија да се бара злато. Тогаш, по многу убедувања Палевски рече „ајде, ќе одиме да видите дека нема ништо“. Отидовме, Вељо и Боре влегоа во пештерата, а ние останавме надвор, муабетевме додека не дојде полицијата.
Палевски: Откако потпишавме записници со инспекторите од ПС Неготино, дали заедно сите четворица заминавме во ПС Неготино да потпишам одземање на пиштолот кој го поседував со дозвола?
Кешишев: Да, ние чекавме во колата, а ти влезе кај началникот за да потпишеш за пиштолот.
Палевски: Се сеќавате ли дека почна да се разденува кога пристигнавме кај Велибор во куќата сите четворица од Неготино, по што јас и вие заминавме во Скопје?
Кешишев: Да, се разденуваше, ние двајцата се вративме во штабот.
Палевски: Дали времињата што се случија во Демир Капија и лицата одговараат на снимките?
Кешишев: Да
Палевски: На околноста палење на „цитроенот“, сте кажале пред Судот и во ОЈО, прво дека јас сум го полеал, а Боре го запалил. А, Манев тврди дека јас полевам и јас палам. Дали Манев ја говори вистината?
Палевски: Кој што фрлал во „цитроенот“ за да биде запален?
Кешишев: Ти го поли возилото, а Боре го фрли чкорчето и се запали колата.
Кешишев: Не видов.
Палевски: Вие фрливте нешто од она што го носевте со вас?
Кешишев: Не сум фрлил ништо. Ги фрлив лопатите кога ми кажа.
Палевски: Каква јакна носевте на 22 и на 27 ноември?
Кешишев: Црна јакна и црн качкет, капа.
Палевски рече дека при претресот на Кешишев му е одземена јакна која е приложена во судот како доказ, видно од камерите на Макпетрол каде полнел бензин. Тој го праша Кешишев дали ја носел таа јакна на 22 и на 27 ноември 2023 година.
Кешишев: Не, бев во црната јакна, а таа црвената што е дадена во судот е земена од закачалката во штабот.
Палевски: Дали на видеото од 22 ноември се гледа таа јакна која не е одземена од полицијата при претресот.
Кешишев: Се мислам дека во црна јакна бев тогаш, а другата ми е одземена.
Палевски извади фотографија од видео снимките од пред куќата на Манев и праша дали е таа јакната.
Кешишев: Ако е подолга, таа е, црната.
Палевски побара судијата од оригиналните фотографии да извади примерок за да се види бојата на јакната на Кешишев. Но, судијата му рече дека не се гледаат боите на снимките.
Палевски: Па како тогаш се виде бојата на ранецот?