Кидман стана хит на Твитер, пишуваат: Таа ја евоцира целата атмосфера на Оскарите

Откако му удри шлаканица на комичарот Крис Рок, водителот на церемонијата, на доделувањето на Оскарите, веста се прошири низ светот, а онлајн заедницата веднаш реагираше. Се разбира, мемиња.

 

Еден од најсмешните мемиња, кој веднаш стана вирален, ја прикажува Никол Кидман како со неверување гледа непријатна сцена, со ширум отворена уста.

Се испостави дека фотографијата на актерката всушност е направена пред инцидентот, но сите се согласија дека таа „многу добро ја отсликува целокупната атмосфера на овогодинешните Оскари“.