Во изминатите 24 часа руските сили извршија 319 напади врз 11 градови и села во областа Запорожје во Украина, изјави Иван Федоров, началник на регионот Запорожје.
Тој на Телеграм напиша дека 155 руски беспилотни летала биле лансирани во регионот Запорожје, пренесе Укринформ.
Во нападите нема повредени, но оштетени се станбени згради и инфраструктура.