Направете ги најмеките кифлички кои сте ги пробале некогаш.
СОСТОЈКИ:
1200 гр. брашно
1 квасец
1 прашок за пециво
1 јајце
1 лажица сол
2 лажици шеќер
100 мл. масло
200 мл. јогурт
200 мл. кисела вода
1 јајце за премачкување
50 гр. сусам
ПОДГОТОВКА:
Се става квасецот во млако млеко и се става малку шеќер и брашно да се активира, па се додаваат сите течни состојки, па јајце и брашно.
Се прави тесто кое треба да е меко.
Се остава 15 минути, па се дели на 6 дела.
Се прават форми какви што сакате полжавчиња, кифлички, топчиња.
Се ставаат на плех со хартија им се става сусам, се мачкаат со јајце и се печат 20 минути на 200 степени.




