Македонија

Кико од Велес со натпросечна интелигенција – талентираните деца заминуваат од Северна Македонија

Ова е Христијан Арсов од Велес кој од неполни 2 години знае да чита. Сега Кико има 8 години, а веќе зборува за тоа како настанал универзумот.

„Универзумот настанал пред 13,7 билиони години. Значи кога настанал универзумот било како мала точка“, вели Христијан Арсов.

Иако уште сега покажува надпросечни резултати за својата возраст, сепак посебна наставна програма за него нема.

Младите талентирани деца, уште за време на своите студии, кројат планови како да заминат од државата. Според неодамна спроведени анкети, од разни организации, речиси 80 отсто од младите би заминале, доколку им се укаже таква можност.

„Жал ми е да кажам, ја сакам државата, но, да би заминал“, доава Дарко Стојчев – студент.

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски вели дека државата мора повеќе да инвестира за младите.

„Целата подршка која ние ја даваме сметам дека не е доволна. Ние минатата година вложивме околу 10 милиони денари, но сметам дека државата треба да направи повеќе“, вели Јован Деспотовски – директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

Еден од прблемите за неискористување на потенцијалот и талентот на младите е и слабиот образовен систем. Според извештаите на Организацијата за економска соработка и развој во Северна Македонија образовниот систем се влошува, за разлика од соседните земји каде се подобрува. Од УНИЦЕФ велат дека за да се задржат младите, мора да им се обезбедат подобри услови за живот. Според спроведени анкети од разни невладини организации, како прва причина поради која си заминуваат младите е наведено незадоволството од вработувањата. Над 63 отсто од испитаниците на возраст од 20 до 35 години не се задоволни од условите за живот кои ги нудат нивните општини. Државниот завод за статистика се уште нема објавено податоци за 2018 година, но бројките за 2017-та велат дека од државата заминале над 2200 лица.

РЕПОРТЕРКА: АРБАНА Ќ КЛИМЕНТА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни