Не се гледаше границата ниту крајот на колоната кај граничниот премин Блаце. Синоќа на полноќ границите на Косово и нашата земја се отворија без ограничувања за граѓаните од двете земји. Како што изгледа и денешниот ден кој е неработен во нашава земја влијаеше за долгата колона и големиот наплив од граѓани.
На отворањето на границите најмногу се израдуваа децата кои со месеци без разделени од роднините.
„Се израдував бидејќи ја земав снаата, внуката. Чекавме долго. За децата е најтешко но фала ми на Бога го постигнавме тоа. Скоро 3 месеци не сум ги видел. Не можевме да одиме бидејќи се плашевме и внимаваме бидејќи така ќе го надминеме и ова“
„Види, добро е што се отворија границите но пандемијата го направи своето. Не, не одиме на кафе. Сопругата е од Урошевац и оди кај нејзиното семејство.“
Некои ја поминуваа границата само за кафе во Приштина.
„Со нетрпение го чекавме отворањето на границите. Блокирани сме цел ден дома, ова за нас е како птица кога е затворена во кафез и кога ќе излезе од него. За што одите во Косово? За задоволство, само за кафе.“
„Се израдувавме малку. Излегов да прошетам. За кафе одите? Да. Колку време чекате овде? Веќе половина час“
Еден граѓанин тргнал за Косово за да го испрати својот роднина во Швајцарија.
„Се израдувавте што се отворија границите? Воопшто. Види ги долгиве колони. Излеговме пред 1 час за да го испратиме господинов во Швајцарија“.
Пред да се отвори границата без ПЦР неколку пати од здравствените власти беше нагласено границата да се поминува само доколку тоа е неопходно. Иатиот апел го упати и командантот на полициската станица во Блаце.
„Можеме да констатираме дека денеска е неработен ден во нашата држава и граѓаните се многу раздвижени и одлучиле да ја посетат нашата соседна држава. И во одлуката на Владата се вели движењето да биде само доколку тоа е неопходно. Ние апелираме до граѓаните кои мораат да патуваат, да се движат низ граничните премини но доколку тоа не е неопходно да не ја злоупотребуваат оваа одлука, бидејќи имаме посебни случаи кога граѓаните мораат да патуваат поради здравјето или нешто друго“, рече Бесим Асани, командир на ПС Блаце.
Денеска во Косово кафе пиеше и заменик министерот за здравство, Илир Хасани кој на Фејсбук објави фотографија заедно со неговиот косовски колега Арменд Земај.
Инаку граѓаните на РСМ без ПЦР тест не постар од 48 часа нема да можат да патуваат во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина поради зголемениот број на заразени со Ковид-19. И Косово и Македонија ја оставија отворена можноста за враќање на ПЦР тестовите доколку се забележи пораст на новозаразени.
.
