Свет

Ким Џонг Ун го возеше „најмоќниот тенк во светот“

Ким Џонг Ун го возеше „најмоќниот тенк во светот“

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пилотираше нов тенк, кој го нарече најмоќен на светот, за време на воена вежба што е одговор на Пјонгјанг на заедничките маневри на јужнокорејската и американската армија, јавува Корејската централна телеграфска агенција (КЦНА).

Според агенцијата, Ким Џонг Ун изразил задоволство од демонстрацијата на новиот тип тенк и ја истакнал неговата ударна моќ и маневрирање.

Се нагласува дека воената вежба на севернокорејската армија има за цел да ја провери борбената готовност на оклопните единици.

– Натпреварите на големите тенковски формации на Северна Кореја се одржуваа по принципот „единица по единица“ – се додава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни