Парис Хилтон и Ким Кардашијан покажуваат дека животот е навистина непредвидлив. Долго време Ким беше асистентка на разгалената богаташка, односно и ја средуваше гардеробата, сугерираше што да облече – и со тек на време почнаа да се дружат.
И покрај тоа што во тоа време никој не можеше да и парира на Париз по богатството, Ким успеа да го сврти вниманието на медиумите кон себе и денес е вистинска институција, моќна и недостижно богата.
Парис Хилтон и денес е „само“ богата наследничка, а Ким успеа да изгради империја. На венчавката на поранешниот шеф во Бел Еро, Ким дојде во фустан кој и покрај тоа што е црн сепак вика – јас сум главна.
