Свет

Кина со втор ден по ред рекорден број новозаразени со коронавирус

Кина со втор ден по ред рекорден број новозаразени со коронавирус

Кина денеска одбележа втор ден по ред на рекорден број случаи на СОВИД-19 поради ограничувањата кои се применуваат во голем број градови против ширењето на вирусот, јави БТА, цитирајќи ја Ројтерс.

Вчерашниот рекорден ден на нови инфекции повторно ги надмина бројките од средината на април, кога 25-милионското население на економскиот центар на земјата Шангај беше ставено под двомесечно заклучување.

Регистрираните случаи вчера достигнаа 32.695, а во оваа вредност не се вклучени заразените кои дошле од странство. Од нив, 3.041 имаат симптоми, 29.654 – без. За споредба, во средата бројот на заболени беше 31.444.

Големите епидемии се многубројни и во различни делови на земјата, а најпогодени се јужниот град Гуангжу и југозападниот Чонгкинг. Новозаразени се регистрирани и во градовите Ченгду, Џинан, Ланжу, Ксиан и Вухан.

Забележано е четирикратно зголемување на случаите во Шиџиажуанг, на 3.197, во споредба со претходниот ден.

Главниот град Пекинг пријави 424 нови случаи со симптоми и 1.436 без вчера, во споредба со 509 и 1.139 во средата, соопштија локалните власти.

Шангај забележа 9 нови случаи со симптоми и 77 без, во споредба со 9 и 58 претходниот ден, соопшти локалниот оддел за здравство.

Официјални лица во Гуангжу од 19 милиони луѓе рекоа дека случаите со симптоми биле 257, а оние без биле 7.267, во споредба со 428 и 7.192 соодветно во средата.

Властите во Чонгкинг, пак, за вчера ги регистрираа следните податоци – 258 со симптоми и 6.242 без. Во средата, случаите во градот беа 409 и 7.437, соодветно.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни