Свет

Кинеска сонда стигна на темната страна на Месечината

Кина објави дека успешно стигнало летало на подалечната темна страна на Месечината. Со тоа Кина стана првата земја која има објект на далечната страна на Месечината. Сондата била лансирана на 8 минатиот месец и носи роботско возило дизајнирано да ја истражува површината на Месечината.

Сондата, наречена по кинеската божица на Месечината, влезе во неделата утрото во планираната орбита, за да се овозможи слетувањето, по што во текот на изминатата ноќ, во 2.26 часот утрово, слета во Јужниот пол-Атикен, именуван по американскиот астронаут Роберт Грант Атикен во 1970 година.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни