Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг дал зелено светло за продажба на ТикТок на американски купувачи, а „Волстрит џурнал“ објави за наводен надомест од повеќе милијарди долари што купувачите на компанијата ќе ја платат на Министерството за финансии на САД.
Кинескиот претседател „го одобри договорот со ТикТок“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба, додавајќи дека „тоа може да биде формалност“ за подоцнежно потпишување на договорот.
Договорот со TikTok би можел да и донесе на американската влада надомест од повеќе милијарди долари, објави „Волстрит џурнал“ во петокот, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.
Инвеститорите вклучени во договорот со ТикТок ќе платат неколку милијарди долари на Министерството за финансии на САД како компензација на владата за посредување во преговорите со Кина, се вели во извештајот.
Читај и ова:
- 1.Дубаи „хистеријата“ сега е многу повеќе од чоколада
- 2.Ава Карабатиќ се сели во Швајцарија, планира да работи како негувателка во дом за стари лица
- 3.Синот го истепал својот татко во Кисела Вода, оштетил дел од покуќнината!
- 4.ВИДЕО Еве кои се лицата кои го оставија празниот куфер кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
- 5.Американски шпионски авион го обиколи Калининград