Кинез осуден на затвор поради шега – полицијата тврди дека ги исмејувал

Еден маж од Кина е осуден на 9 дена затвор откако испратил смешна фотографија во eдна чет група во која, наводно, се потсмевал на полицијата. Овaa фотографија набрзо стана вирална на кинеските социјални мрежи.

Човек идентификуван само со презимето Ли, испрати контроверзна фотографија преку социјалната мрежа We Chat во група во која корисниците споделуваат негативни коментари за моменталната ситуација со коронавирусот.

Полициската станица објавила скриншот од преписката на која се гледа споменатата мимика, но подоцна ја избришала фотографијата.

Фотографија покажува куче облечено во полициска униформа кое во едната рака држи полициска значка и покажува со показалецот во другата.

Хаштагот кој е објавен под споменатата фотографија е споделен повеќе од 170 милиони пати, пренесува CNN.

Во меѓувреме, голем број граѓани протестираа против затворањето на овој човек, наведувајќи дека ова е престрога казна за една шега.

Полицијата подоцна соопшти дека тој со своите постапки направил штета и дека е соодветно казнет.