Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со услов за соодветна замена во ФЗО

Директорот на ФЗО, Сашо Клековски на денешната прес-конференција изјави дека би прифатил да биде министер за здравство, но, со соодветна замена во Фондот. Клековски ќе биде отворен за разговор зависно од потребите, а какви било рокади, напомена, мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство.

– Владата има премиер кој го составува владиниот тим. Јас се чувствувам комплетно продуктивно и посветено во Фондот каде има многу работа. Ќе бидам отворен за разговор, зависно од потребите. Но, повторно ќе кажам, во ФЗО има многу што да се работи, така да какви било рокади мора да предвидуваат комплетно решевање на кадровската екипираност во секторот здравство, истакна Клековски, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за повредените во трагедијата во Кочани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното