Клековски: Лицемерно е тие што го водеа здравството сега да критикуваат последици од нивното раководење

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 во свое гостување Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство вели, може да критикува СДСМ дека нема алтернатива во моментов, но имаа седум години да направат алтернатива.

-Видете лицемерие е да тие што го водеа здравството многу години и влијаеа на работите да сега критикуваат последици од нивното работење. Недостасува стратегија во развојот на здравствената мрежа во Македонија. Конкретно во пет скенот што значи, ние сме зависни од еден апарат и од една машина за произведување и од еден извор на набавка на потребните суровини за работа на пет скенот. Ако дојде време за сервисирање сите имаме апарати кои ги сервисираме. Ние немаме развиено алтернатива. Да може да критикува СДСМ дека нема алтернатива во моментов, но имаа седум години да направат алтернатива, вели Клековски.

Тој вели за следните сервиси, за следните дефекти мораме да имаме подготвено план Б.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното