Македонските здравствени власти денеска апелираа сите кои биле во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, кога се случи катастрофалниот пожар, во следните 4 дена да се јават на евалуација во болницата во Кочани.
„Во идните четири дена, тим од специјалисти од КАРИЛ, ГОБ 8-ми Септември, Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и од Клиниките за пластичната хирургија, ќе вршат евалуација на пациентите. Апелираме до сите да дојдат“, рече директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Директорот Клековски за состојбата на пациентите од дискотеката „Пулс“, рече дека само една пациентка е во критична состојба, која била во ВМА во Белград на лекување и се вратила во Македонија, па по барање на семејството е префрлена во приватна болница.
Во катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ загинаа 62 лица, а преку 100 беа повредени. Дел од повредените се лекуваа во странство.