Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави видео во кое вели дека поднел предлог за преименување на Киевскиот плоштад на пријателството меѓу Киев и Москва во Плоштад на хероите на Мариупол. Тој вели дека неговите советници ја поддржале ваквата иницијатива.
„Градскиот совет на Киев денеска одобри серија преименувања на голем број градски институции и подготви одлуки за понатамошни преименувања.Во Киев сè уште има десетици улици и згради кои носат имиња поврзани со агресорите во Украина. Нивното преименување е важно. Ќе им дадеме на тие улици, метро станици и други објекти“, рече Кличко.
