Клиниката за пулмологија при Универзитетот ги прогласи најистакнатите вработени за 2025 година

Универзитетската клиника за пулмологија по шести пат по ред го реализираше процесот на избор на најистакнатите вработени за 2025 година – активност која веќе прерасна во традиција и има за цел да го вреднува професионалниот и човечкиот придонес на својот персонал.

Вреднувањето беше спроведено во седум категории, меѓу кои: најдобар лекар, најистакнат медицински техничар/медицинска сестра, санитетар, хигиеничар/хигиеничарка, административен работник, РТГ-технолог / лабораториски техничар / физиотерапевт, како и најуспешна организациска единица, во која спаѓаат одделенијата, амбулантите, салите и администрацијата.

Процесот на гласање се одржа на 2 февруари 2026 година и беше спроведен анонимно, со учество на персоналот од сите работни смени. Гласањето беше организирано на уреден и транспарентен начин, преку официјални гласачки ливчиња распределени по организациските единици.

Добитниците во шесте поединечни категории ќе добијат институционални признанија, симболични подароци и парична награда во износ од 200 евра за секоја категорија.

Со оваа иницијатива се настојува да се зајакне мотивацијата, да се поттикне тимската соработка и да се вреднува посветеноста и професионализмот на вработените во здравствениот сектор.

Вработени прогласени за најистакнати за 2025 година:

Најистакната лекарка: ас. д-р Ангјела Дебрешлиоска
Најистакнат медицински техничар: тех. мед. Бојан Миов
Најистакнат транспортер: Елхам Бајрами
Најистакната хигиеничарка: Даниела Велковска
Најистакнат административен работник: Рилинд Садику
Најистакнат радиолошки технолог: дипл. тех. рад. Игор Ристески

Најуспешна организациска единица: Оддел за специјалистичко-консултативна дејност – амбуланти

Работничка со посебен придонес: Елизабета Сајкова Ангеловска