Коалицијата ВРЕДИ одржува состанок по одлуката на АА да настапи самостојно на локалните избори

Коалицијата ВРЕДИ денеска одржува состанок во партиското седиште во Скопје, по одлуката на Алијансата за Албанците, предводена од Арбен Таравари, да настапи самостојно на претстојните локални избори.

На средбата присуствуваат лидерите на БЕСА – Билал Касами, на Демократското движење – Изет Меџити, и на Алтернатива – Зекири Ибраими, како и министри, пратеници, градоначалници и други партиски функционери од овие три партии.

Претседателот на Демократското движење и вицепремиер Меџити на новинарското прашање дали на состанокот ќе се разговара за исклучување на Таравари, рече дека се е на маса.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното