Македонија

КОЧАН ЛАДНО: -17 на Попова Шапка, -5 Скопје, -7 Битола…

КОЧАН ЛАДНО: -17 на Попова Шапка, -5 Скопје, -7 Битола…

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)

-17 Попова Шапка, -13 Маврови Анови, -12 Крушево, -10 Берово, -9 Претор, -8 Охрид, Дебар, -7 Битола, Крива Паланка, -6 Прилеп, Тетово, Штип, -5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Виница, -4 Струмица, Д.Капија, -3 Дојран, -1 Гевгелија.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во сm)

46 Попова Шапка, 16 Маврови Анови, 6 Ѓуриште, 4 Берово, Крушево, 1 Крива Паланка.

ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно и студено. Дуваше умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места достигнуваше брзина околу 50 км/час. Утрово во источните делови облачноста е намалена и преовладува сончево време со мала до умерена облачност.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Во западните делови променливо облачно, а во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни