Македонија

Кога ќе се формира комисијата? – Партиите со преписки, кој ќе ги заштити граѓаните од дискриминација

Изброени се деновите на
актуелниот парламентарен состав, но никако да се изберат членовите на Комисијата
за заштита од дискриминација. Не се знае кога Комисијата ќе добие нови членови
поради тоа што Комисијата за избори и именувања во Собрание, со која раководи
опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се уште не закажа седница.

Од парламентарното мнозинство сметаат дека судбината на Комисијата за заштита од дискриминација е во рацете на претседателот на матичната комисија, Илија Димовски, кој треба да закаже седница. Јован Митревски од СДСМ, се надева дека тоа ќе се случи пред распуштањето на Собранието.

Но, претседателот на Комисијата, Илија Димовски, не кажува кога ќе свика седница. Тој вели дека се уште траат консултациите по оваа прашање.

„Партиите се уште се консултираат. Нема ништо конкретно, кога ќе има нешто ќе свикам седница. Не знам дали тоа ќе се случи пред распуштањето на Собранието“, додаде Илија Димовски.

Важноста на формирањето на Комисијата за заштита од дискриминација е поврзано со спроведувањето на човековите права. Самиот збор дискриминација, подразбира недолично однесување кон одредена личност или општество, што го попречува реализирањето на правата или ги загрозува истите. Одлуките ги носат членовите кои требаат да се избираат, но, Уранија Пировска од Хелсиншки комитет вели дека членовите треба да знаат како е да си дискриминиран.

Но, за пратеникот на Движење Беса, Фадил Зендели, не формирањето на ова комисија не може да биде пречка за реализирањето на човековите права, поради тоа што, како што вели тој, со човековите права се занимаваат многу институции.

„Тука се правните институции кои се занимаваат со човековите права, институциите на јавната администрација кои треба да ги заштитат човековите права, тука е и Народниот правобранител кој е институција која треба да ги штити човековите права. Така да, човековите права не требаат да се гледаат од аспект на една институција, туку треба да се гледаат од општ аспект. Човековите права, така како што се предвидени, и со Устав и со Меѓународната конвенција се почитуваат“, истакна Фадил Зендели.

Но, дали имаме проблем во Северна Македонија при спроведувањето на човековите права или се е во ред?

„Имаме проблеми при спроведувањето на човековите права!“, додаде Зендели.

Во извештајот на ЕУ е истакнато дека Северна Македонија направила неколку чекори напред кон реализирањето на човековите права, усвојувајќи го Законот против дискриминација. Меѓутоа, исто така се вели дека треба да се направат поголеми напори за подобрување на инфраструктурата лицата со посебни потреби.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни