Македонија

Кога ќе се одржи новата рунда преговори за СЈО? ДУИ: Не ги попречуваме преговорите

Вицепремиерот Бујар Османи ги негира гласините дека освен ВМРО-ДПМНЕ, и ДУИ се обидува да го попречи постигнувањето на консензус за предлог-законот за Јавно Обвинителство. Османи рече дека ДУИ дава силна поддршка и дека треба да се искористат сите можности за постигнување договор меѓу страните.

-Не, апсолутно не, ДУИ дава силна поддршка за законот за Јавно обвинителство. Ние го затворивме тоа прашање во моментот кога го одобривме во Влада и се залагаме за што поскоро усвојување на овој закон. Тоа што го велиме е дека за кредибилитетот на институцијата и стабилноста на антикорупциската политика, ќе треба да се искористат сите можности за постигнување сеопфатен консензус, што нема да значи дека доколку се постигне консензус дека ние не треба да продолжиме да наоѓаме други форми за усвојување на законот-вели Османи.

Во меѓувреме, преписката меѓу претседателот на Собранието, Талат Џафери и министерката за правда, Рената Дескоска, Османи ја нарече лоша комуникација меѓу Собранието и Владата. Во текот на еден разговор со Дескоска, Османи рече дека таа немала за цел да ја потцени институцијата Собрание давајќи му наредби на претседателот на законодавниот дом. Во текот на овој викенд немало средби меѓу работните групи.

Иако се уште не се знае кога ќе се одржи следната средба за судбината на СЈО, Османи додаде дека треба да се охрабрат страните да продолжат со комуникацијата и да се најде решение кое ќе задоволи сите страни.

РЕПОРТЕРКА: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни