Македонија

Кога ќе се сменат имињата на училиштата? Екс-министерот Рушити: Ова е политичка неодговорност

Одолговлекувањето на промената на имињата на училиштето „Рајко Жинзифов“ во „Исмаил Ќемали“ и „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, постапки кои беа покренати од поранешниот министер Абдилаќим Адеми, се резултат на недоволна грижа од надлежните власти. Според екс-пратеникот од Движењето Беса, Зеќирија Ибрахими, доколку има политичка волја, тогаш ова прашање може да се реши многу брзо.

“Ваквите примери како со имињата на училиштата, не се први, а ниту последни што се случуваат на нашата политичка сцена. Точно е дека ова не е толку големо прашање во земјава, за да не може да се реши. Верувам дека еден дел, освен другите фактори што го попречија, е поради недостиг на доволно волја“, изјави Зеќирија Ибрахими, екс-пратеник.

Екс-министерот за образование, Сулејман Рушити вели дека прашањето околу менувањето на имињата на училиштата во Чаир – да не беше трагично, ќе беше смешно.

„Најпрво покажува неодговорност, а потоа го изнесува на виделна и третирањето на прашања само поради кампања. Една управна постапка кога станува збор за политика, не мора да значи дека зборува за политичка слабост“, Сулејман Рушити, екс-министер за образование.

 Но, министерот за образование, Арбр Адеми, во неговото последно излагање околу ова прашање рече дека е време фокусот да се стави врз подобрување на условите во наставно-едукативниот процес.

„Во овој период треба да се фокусираме на подигање на квалитетот на наставно-едукативниот процес, а не на создавање тензии кои не допринесуваат во наставата. Затоа, тема на дискусија во министерството и целата јавност и општината како основач на основните училишта треба да биде зголемување на квалитетот“, изјави Арбр Адеми, министер за образование и наука.

Инаку, поранешниот, сега веќе покоен министер за образование, Абдилаќим Адеми, дента кога замина од министерското столче потпиша одлука за официјализирање на новите имиња за училиштата „Рајко Жинзифов“ и „Никола Вапцаров“, но неговиот заменик Спиро Ристовски, го искористи законскиот простор од 24 часа, кога ресорот немаше министер, за да ја поништи одлуката.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни