Тој е подготвен да потроши милиони за неа
Џеф Безос ја објави веста дека се разведува од сопругата Мекензи по 25 години брак на 4 април 2019 година. Причина за пропаѓањето на нивниот брак била аферата на Безос со Лорена Санчез (52).
Како што самиот признал, Џеф лудо се заљубил во Лорена и повеќе не можел да го крие тоа, па решил да поднесе барање за развод.
Откако се заедно, Безос ниту еден момент не се одвојува од оваа црнка, а сега се фотографирани на луксузна јахта каде си разменувале нежности, не обрнувајќи внимание на луѓето околу нив.
Имено, тие крстарат со своите пријатели со нова јахта вредна 500 милиони долари која Џеф неодамна ја купил. Гласините велат дека првично бил подарок наменет за Лорена. Кога станува збор за неа, Безос не штеди пари.
