Просечното времетраење на човечкиот сон од 1970 година до денеска е во постојан пад, а овој меѓународен феномен е резултат на промената на работно време и стресниот живот. Според последните истражувања, дури 65% од Британците спијат во просек по само 6 часа и 27 минути дневно. Доколку спиете помалку од 7 часа дневно, тоа може да резултира со бројни последици по вашето здравје, од срцеви заболувања до проблеми со помнењето и зголемување на ризикот од добивање дијабетис.
Помеѓу нациите кои најмалку спијат се и Јапонците, Корејците, Норвежаните и Швеѓаните.
Според последните истражувања, Кинезите во просек дневно спијат по нешто повеќе од 9 часа, додека Јапонците просечно по само 7 часа и 14 минути.
Шпанците исто така спаѓаат во нациите кои спијат најдолго во просек, благодарение на нивниот културолошки обичај на правење „сиеста“, односно попладневен одмор.