Кои работи пилотите никогаш не им ги кажуваат на патниците?

Да се биде пилот на авион воопшто не е лесна работа. Постојат опасности во текот на летот со кои се соочуваат овие луѓе, а притоа треба да ги остават патниците смирени во текот на летот.

Секогаш се поставува прашањето, кои работи пилотите никогаш не би им ги кажале на патниците?

Повеќе пилоти на ова прашање одговориле дека никогаш нема да им кажат колку впрочем се опасни турбуленциите кои можат да се појават во текот на летот. И покрај тоа што многумина не им даваат многу на значење, сепак, дел од пилотите истакнале дека опасноста доаѓа не кога ќе се качувате кон воздух, туку кога ќе се спуштате надоле, и притоа можете да удрите во некое столче, и притоа да скршите рака, ребра или клучна коска.

Еден кинески пилот истакнал дека нешто кое никогаш нема да им го соопшти на патниците е закана од терористички напад. Смета тој дека во тој случај би настанала огромна паника која може летот да го однесе само во лош правец.

Дел од пилотите рекле дека никогаш не би кажале од која година е авионот, а еден од нив истакнал дека би премолчил еден важен детал околу маските за дишење. Тие, инаку, траат само десет минути.

Пилотите исто така откриле дека никогаш не би кажале како се чистат авионите, и колку малку пилотите заработуваат, со оглед на нивниот ризик на работа.