На страницата на Инстаграм Geographic Corner беше споделена интересна мапа која покажува кои всушност се најголемите пивопијци во регионот.
Страницата Географски кутак секојдневно споделува интересни податоци и инфографици поврзани со географски податоци поврзани со земји од светот и регионите.
Меѓу последните објави на оваа страница, тие решија на мапа да претстават кои се најголемите пивопијци во регионот.
„Бидејќи најмалку половина од годишниот просек веројатно ќе се пие во наредните денови, вистинското време е за оваа карта“, велат тие со објавата.
На картата е прикажан бројот на испиени литри по глава на жител годишно, а на прво место меѓу земјите од поранешна Југославија е Хрватска, каде годишно се трошат 72,1 литар пиво по жител.
На второ место е Словенија, каде во просек годишно се пијат 69,7 литри по жител. По неа следи Црна Гора со 67,4 литри во просек.
На четврто место е Босна и Херцеговина со 63,7 литри по жител. Србија е претпоследна со 62,2 литри по жител, а убедливо најмалку пиво во регионот пијат Македонците кои просечно пијат само 33,5 литри годишно.
