По шести пат ќе се избира Претседател на дражавата, а за првапат на Северна Република Македонија. Кандидатите за претседател треба да се поддржани од 30 пратеници или пак од 10 илјади потписи од граѓани. За сега никој нема поднесено кандидатура во ДИК.
Гордана Силјановска Давкова е редовна професорка на Правниот факултет “Јустинијан Први“ по уставно право и политички систем. Силјановска била министерка без ресор во Владата на РМ од 1992 до 1994 година, кога премиер беше Бранко Црвенковски, експерт во Женевската група за заштита на човековите права и слободи и експерт во Обединетите наци.
Стево Пендаровски пред четири години беше претседателски кандидат кога изборите ги доби Ѓорге Иванов. Бил советник за национална безбедност на Претседателот на државата, претседател на Државната Изборна Комисија, советник за надворешна политика на Претседателот, а сега е национален координатор за НАТО.
Професорот Блерим Река долг период е редовен професор на Универзитетот на Југоисточна Европа на Универзитетот во Приштина. Од 2006 година до 2010 беше амбасадор на Македонија во ЕУ. Тој дипломирал на Универзитетот во Приштина. Во 2002 добил титула доктор по меѓународно право.
Филип Петровски беше еден од водачите на студентските протести против наставата на албански јазик на Педагошкиот факултет во Скопје. Беше претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕТој најави кривична пријава до ДИК поради нерегуларности при собирањето потписи.
Кандидатура и собирње потписи најави и Генерал Димче Петровски, директор на генералштабот на арм. Петровски добил Официјален медал од Националната гарда на Вермонт. Автор е на неколку трудови од областа на одбраната.
Кандидатот за Претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата првопласирани кандидати од првиот круг.