Се уште се чекаат резултатите од обдукцијата која се направи врз 18 годишната мајка од Битола која почина пред два дена во Битола и зад себе остави шест неделно бебе.
Според информации на Телма, во саботата нагло и се влошила здравствена состојба, па со возило од населбата Баир во Битола била пренесена во Клиничката болница, но починала пред да и се укаже лекарска помош.
Во одделението за Ургентна медицина женатa била донесена од друго лице, а лекар само констатирал смрт.