Иницијативата „Кој е следен?“ најави дека во сабота, со почеток во 17:00 часот, ќе одржи јавен онлајн состанок пред седницата на Постојаната Анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
На дневен ред на комисијата ќе биде разгледувањето на претставката за настанот од 16 март 2025 година во Кочани.
Иницијативата ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават, да го споделат својот став и да придонесат во институционалната расправа.
Состанокот ќе овозможи учесниците директно да учествуваат и да ја изразат својата позиција во врска со дискутираното прашање.