Максималните температури денес беа 22 Попова Шапка, 30 Маврови Анови, 32 Берово, 33 Претор, 34 Охрид, Крива Паланка, Прилеп, 36 Битола, 38 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, 39 Демир Капија, Гевгелија, 40 Велес.
Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 2 Попова Шапка.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина
воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од
измерената.
Времето денес претпладне беше сончево и многу топло со мала локална облачност која почна да се формира во претпладневните часови. Попладнево наместа беше нестабилно со пороен дожд и грмежи, најпрво во планинските подрачја. Поинтензивни процеси во форма на невреме имаше во делови од Полог. Доцна попладне бран од нестабилност се преместува преку делови од регионот на Скопје одејќи кон исток.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно, претежно во северните делови со појава на нестабилност понекаде и во вечерните часови. Во текот на ноќта времето ќе се стабилизира и облачноста ќе се намали.