Повикувајќи се на Деловникот, претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека Собранието нема вина за неодземањето на имунитетот на Трајко Вељаноски. Тој и денеска го повтори ставот дека одговорен за можното бегство на Вељаноски ќе биде судот а не Собранието.
„Одговорноста за можното бегство на пратеникот Трајко Вељаноски е кај Судот а не кај Собранието“ – Талат Џафери, Претседател на Собранието.
За овие тврдења на Џафери реагираа од Кривичемн суд. Преку соопштение од таму велат дека се неприфатливи тврдењата дека судот ќе биде одговорен за одолговлекувањето на процесот. Во соопштение се вели дека Судот не може да преземе безбедносни мерки за тоа доколку не се создадат услови.
„Сведоци сме дека за прв пат Собранието, кое е надлежно да одлучува за имунитетот во законски утврден рок, не донесе одлуки, а со тоа го оневозможи Судот да одлучува за мерката притвор на пратениците. Затоа, неприфатливи се изјавите дека Судот ќе биде одговорен за одолговлекување на постапката, дотолку повеќе што Судот не може своеволно и спротивно на законот да определува какви било мерки за обезбедување доколку за истото не се создадени услови“ – Кривичен Суд.
Сега за сега Трајко Вељаноски останува со пратенички имунитет. Судијата Седат Реџепагиќ за ТВ21 рече дека врз основа на Кривичниот законик и Законот за судови, судот не предвидува повторување на барањето за одземање на имунитетот, додека такво нешто не побара обвинителството.
На брифинг со новинарите, Џафери исто така рече дека на седницата во неделата немало што да се стави на гласање бидејќи, како што рече, немало никаков заклучок од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања.
На видеото се слуша кога собранискиот спикер му вели на Мицоски дека треба да се премине на гласање.
-Јас според Деловникот треба да преминам на гласање
-Според Деловникот треба да преминам на гласање
Претседателот на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски во изјава за ТВ21 рече дека единствен виновник за неодземањето на имунитетот на Трајковски ќе биде Џафери.
Инаку, пратеникот Трајко Вељаноски е осомничен како организатор на настаните од 27 април, поради што судот побара одземање на пратеничкиот имунитет, за да може да се одреди мерка притвор.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ