Еден паб во Ирска одлучи да им наплаќа на своите гости за секое спомнување на коронавирус и пандемијата.
На шанкот ставиле пластична чаша во која секој што ќе го спомне зборот „ковид“ мора да стави по две евра. Се започна како шега, но на крајот се претвори во добро дело. Менаџерот на Alt Bar Кристофер Мур изјави за RTÉ News at One дека веќе се собрани 280 евра и дека целиот приход ќе оди во локалниот дом за палијативна нега во Донегал.
„Бидејќи ги служиме гостите на маса, се вклучуваме во сечиј разговор и знаеме за што зборуваат сите. Без разлика за што и да почнат да зборуваат, ние би се вратиле на вирусот. Сакавме да ја промениме атмосферата и да ги охрабриме луѓето да зборувајте за вообичаените работи како времето“, изјави Мур, според порталот „Индекс“.
После тоа, тие ја започнаа кампањата GoFundMe.
„Почна како забава и се претвори во добар начин да се соберат средства за добра цел. Собираме пари за да му помогнеме на Донегал Хоспис и секоја донација ќе помогне“, се вели во соопштението.
